ИЛИЈА АЦЕВСКИ: Екстерното може да го подобри квалитетот на универзитетите
Лично, екстерното оценување на универзитетите не го сметам за постапка кое самото по себе ќе донесе квалитет, но кога нема друг инструмент за подигање на квалитетот, ова го сметам за најефтиниот и најкраткиот начин за да се подобри квалитетот на Универзитетите.
Сепак, јас немам одговор на прашањето кој ќе го спроведува екстерното на Универзитетите. Во секој случај почнува тешка расправа, оваа можност се гледа како најмека, но да ја нема правослиноста, во смисла на отпишување на студенти од факултетите и сл. Сите сме согласни дека е опаднат квалитетот на Универзитетите, дека резултатите се слаби, токму затоа треба да се превземе нешто.
Протестот на студентите може да се смета за масовен. Но, мене ме загрижува нешто друго. Јас вчера сретнав две групи на студенти. Едната група не знае вопшто за што станува збор, другата група има отприлика претстава, но не знае точно за што се работи.
Илија Ацевски, универзитетски професор
Слично
