Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илиеска: Вредноста на платата е помала, не се за фалење повисоките бројки

Илиеска: Вредноста на платата е помала, не се за фалење повисоките бројки

Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.

„Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ. Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР). Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот јануари-април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3 отсто. Но, индексот на реалната плата за периодот јануари-април 2023 во споредба со јануари-април 2022 година е 98,3 отсто“, пишува таа. 


Таа порачува дека властите треба да го слушаат народот. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36.134 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести