Економија, финансии, бизнис

Контакт

Или еколошка дозвола, или клуч на врата на фабриките за 6 месеци?!

Или еколошка дозвола, или клуч на врата на фабриките за 6 месеци?!
Министерот за животна средина Абдилаќим Адеми вчера изјави дека нема пролонгирање на рокот за добивања на А интегрираните еколошки дозволи за индустриските капацитети, од компанијата Арчелор Митал пак денеска велета дека се подготвени да ги исполнат еколошките стандарди во определениот рок.Фабриката работи во кругот на поранешна скопска Железара, а рокот за исполнување на стандардите е април 2014 година. Претставници на оваа компанијата имале средба со делегација на ДОМ, а велат дека имаат исполнето 90 отсто од оперативниот план. Останатите 10 отсто се однесуваат на преработка на отпадните води. „По Фени, Арчелор Митал е втората голема компанија која работи да го испочитува законот. Неодамна на јавна трибина во Кавадарци на директно прашање од претседателската на ДОМ Лилјана Поповска, менаџерите на компанијата одговорија дека ќе го запазат законскиот рок за еколошко приспособување“, велат од ДОМ. Адеми пак истакна дека на почетокот на годината до Министерството биле доставени барања за пролонгирање на роковите на активностите од оперативен план. „По разгледување на барањата на Макстил АД Скопје, Скопски легури, Југохром Јагуновце, Фени индустри од Кавадарци, Арцелор Митал и од Балкан енерџи груп, Владата донесе одлука за почитување на одредбите од законот, односно дадениот рок од 1 април 2014 година“, рече вчера Адеми. Тој информираше и дека до овој период се поднесени 130 барања за ИСКЗ дозволи, а од страна на министерството де овој момент се издадени 52 дозволи од кои 16 се А-интегрирани еколошки дозволи и 36 дозволи за усогласување со оперативен план. Од страна на локалните самоуправи се издадени 117 дозволи од 260 барања за Б инсталации. Инаку петте најголеми компании од металуршкиот сектор претходно побараа продолжување на рокот за еколошко приспособување за уште пет години правдајќи го ова со кризата.
Слично

Поврзани вести