Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКОНАТА ЈА БАКНАЛ, А ПОТОА БЕСРАМНО СИ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ: Свештеник откри кој краде од црквата

ИКОНАТА ЈА БАКНАЛ, А ПОТОА БЕСРАМНО СИ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ: Свештеник откри кој краде од црквата

Скандалозното видео е снимена од безбедносните камери поставени во црквата Свети цар Константин и царица Јелена во Чачак.

Ова богослужение веќе неколку пати било мета на провалници и повторно се случи срамен чин, кога маж се доближил до иконата, ја бакнал и потоа ги зел парите кои биле таму.

- Долго време забележував дека некој ги зема парите под иконата, бев принуден да поставам камери. Она што го видов ме остави во шок. Тој човек доаѓаи долго се моли во овој храм, носи со себе бројаница  во раката, што укажува дека е верник. Го побара мојот благослов да остане во црквата и доаѓаше неколку пати во текот на неделата, изјави за РИНУ протоереј Миодраг Тодоровиќ, поглавар на црквата во Коњевиќи.

Провалникот веќе и е познат на полицијата, а веќе е осомничен дека упаднал во неколку манастири и цркви на територијата на градот Чачак.

Со себе носел шрафцигер со кој лесно отвора, како што се гледа на видеото, бил искусен и му биле потребни само неколку минути.


Слично

Поврзани вести