Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА затаила милијарда евра данок?

ИКЕА затаила милијарда евра данок?

Европската комисија ќе го испитува извештајот според кој шведскиот произведувач на мебел ИКЕА не платил милијарда евра данок во период од 2009 до 2014 година поради агресивната даночна стратегија.

Истражувањето го нарачала  „Green/EFA“ групата во Европскиот парламент, сакајќи да покаже дека ИКЕА милијарда евра данок во изминатите шест години го преселила во европските даночни раеви.

Одговарајќи на извештајот, Комисијата соопштила дека ќе ги истражува тврдењата.

„Комисијата го има на увид извештајот и ќе ги проучи деталите“, рекла портпаролката на Комисијата за финансиски услуги и работи за данок Ванеса Мок.

Според партијата на Зелените, Икеа користи „низа даночни дупки во различни европски земји, Холандија, Белгија и Луксембург, како би избегнала плаќање на данок“, се наведува.

„Една од техниките е префрлање на авторски права oд секоја Икеа продавница во подружница во Холандија, која дејствува како канал. Авторските права влегуваат и излегуваат неоданочувани и завршуваат целосно во Лихтенштајн, или барем делумно“, се додава.

Од друга страна, Икеа го брани својот начин на работење и управување со данок. „Плаќаме данок целосно во согласност со националните и меѓународни даночни правила и прописи“, се наведува.

„Се залагаме за понатамошен развој на нашата работа во Европа и се радуваме да го продолжиме дијалогот за тоа да се развиваме услогласено и јасно на меѓународниот даночен систем“, соопшти Икеа.

Слично

Поврзани вести