ИКЕА во Русија мора да плати 8 милиони долари
Шведскиот трговец со мебел ИКЕА предупредува дека би можела да се одложи планираната инвестиција во Русија отако судот им наложи да платат повеќе од 7,8 милиони долари отштета во 10-годишен правен спор.
Во соопштението на ИКЕА се нагласува како не планираат да ги намалат вложувањата во Русија, додавајќи дека сепак правните проблеми би „можеле да ги закочат“ нивните планови.
Соопштението е објавено откако судот во Смоленск на западот од Русија и наложил на ИКЕА плаќање на отштета на рускиот бизнисмен Константин Пономариов во рамки на спорот околу снабдевање на продавница со струја во Санкт Петербург.
Слично
