Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА влегува во Хрватска

ИКЕА влегува во Хрватска

Шведската компанија ИКЕА поднесе барање за издавање градежна дозвола за својата прва стоковна куќа во Хрватска, на источниот излез од Загреб. Како што пишува „Јутарњи лист“отворањето на објектот е предвидено една година по почетокот на изградбата, која се очекува во март или април следната година.Вкупната вредност на оваа инвестиција во Хрватска ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Од ИКЕА најавуваат дека во текот на целата следна година континуирано ќе отвораат нови работни места, а вкупно во стоковната куќа ќе работат околу 350 вработени.

Неодамна српскиот министерот за трговија Расим Љаиќ најави дека шведскиот производител на мебел до крајот на 2013-та година ќе отвори свое претставништво во Србија.
Слично

Поврзани вести