ИКЕА со одлични резултати и божиќна честитика во плик за вработените
Познатиот произведувач на мебел, шведска ИКЕА, поради одличните бизнис резултати одлучи да ги награди вработените и да им подели 105 милиони евра.
ИКЕА групата во 2015 година остварила нето приход во висина од 3,5 милијарди евра, соопштуваат од компанијата. Вкупниот промет се зголемил за 11,2 посто во однос на претходната година и изнесувал 32,7 милијарди евра.
Таквиот раст на приходите, истакнуваат Швеѓаните, ќе и овозможат на компанијата нови вложувања во развојот и одржлив бизнис. Кога на бизнис резултатите од основниот бизнис се додаде и заработката од наем во трговските центри, вкупните приходи на групата растат на 32,7 милијарди евра, што е зголемување за 11,5 одсто наспроти резултатот од 2014.
„Во годината која е зад нас остваривме одлични резултати, а многу вложивме во одржливост , подобра понуда и достапност на нашите производи“, нагласил претседателот на Икеа групата Петер Агнефјал, во рамки на објавата на резултатите за 2015 година.
Добрите финансиски резултати, најавуваат, и оваа година ќе се поделат со сите вработени и ќе се наградат со вкупно 105 милиони евра преку програмот “Tack!”. Откога пред две години е воведен програмот “Tack!” на вработените им се доделени вкупно 305 милиони евра.
На двоцифрениот раст на прометот, велат во Икеа, најмногу му допринеле „старите“ традиционални пазари. Задоволни се и со остварените резултати на новоотворените пазари и преку онлајн експанзијата.
