Ikea се шири on-line
Шведскиот синџир продавници за мебел Ikea планира да ја прошири својата услуга за онлајн шопинг на сите свои пазари во следните неколку години по 12-месечна пауза на проширување на бинисот.
Ikea сакаат да ја понудат услугата за онлајн шопинг во сите 27 држави во кои има продавници, Ова го соопштија од компанијата, откако објавија раст од 3% на трајни приходи од продажба. Во моментот услугата е достапна во 13 од овие земји.
Фокусот на компанијата во изминатата година беше кон подобрување на онлајн понудите на пазарите, кои веќе ја нудат услугата, коментира извршниот директор Петер Агнефел. Според критичарите на Ikea приодот на компанијата кон експанзијата на интернет просторот е премногу конзервативна, откако беше лансиран сајтот www.ikea.com во 1997 година.
"Ikea влезе полека на интернет, но направи сериозни инвестиции во последните неколку години", коментира аналитичарот во компанијата за истражување Conlumino, Морина Хинтен. "Придонес на онлајн услуги кои одговараат на очекувањата на модерниот интернет корисник, заедно со одржување на ниски цени и правење профит, не е лесна работа, што се однесува до голема стока, па е разбирливо компанијата да ги насочите своите услуги пред да ги пушти на сите пазари ", додава тој.
Бизнис моделот на Ikea не е толку прилагоден на онлајн продажба, бидејки повеќе се потпира на тоа клиентите да одат во продавници, кои се наоѓаат обично во периферијата на градот, и сами да си го изберат мебелот кои е спакуван и подготвен за монтажа.
"Ikea се соочува со дилема. Таа мора да најде формула со која онлајн продажбата би била додаток на продажбата на место, а не да ја замени ", вели директорот на Euromonitor International Круз дел Бари.
Сегашниот бизнис модел им овозможува на Ikea да ги одржуваат цените ниски, искушувајќи ги клиенти со секакви мали набавки и храна во огромните продавници. "Клучен дел од приходите од продажба на компанијата доаѓа од евтини импулсивни купувања во продавниците", вели дел Бари.
Привлечноста на потрошувачката преку интернет и присуството на повеќе производи во онлајн продавниците му помогнале на синџирот да ги зголеми приходите од продажба до 28,7 милијарди евра помеѓу август 2013 и август 2014 година, објави компанијата. Продавниците на Ikea биле посетени од 716 милиони клиенти во 12-месечниот период, додека 1,5 милијарди луѓе го посетиле нивниот сајт.
Приходите од продажба во продавниците отворени повеќе од една година, се зголемуваат со 3,6% за периодот. Растот е најбрз во Кина, а Северна Америка го одржува доброто претставување, и во Европа е забележано подобрување.
Ikea сака двојно да ги зголеми своите приходи од продажба до 2020 година, а за таа цел ќе ги подобри своите продавници, ќе отвори нови, ќе нуди повеќе производи онлајн и ќе објавува нови колекции почесто.
K.K.
Слично
