Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА се менува од темел, ништо нема да биде веќе исто!

ИКЕА се менува од темел, ништо нема да биде веќе исто!

Шведскиот ланец на продавници за мебел ќе претрпи радикална реорганизација.

Од 1 септември во Холандија ќе се воспостави правно независен субјект Интер Икеа Група, која ќе управува со бизнис секторите како што се логистика и асортиман, известува магазинот Менаџер.

Новата компанија во која одлучувачко влијание ќе има Питер Агнефјал ќе биде одговорна за 328 трговски и 50 шопинг центри. Ќе опфаќа 38.500 од вкупно 155.000 вработени во Икеа.

Интер Икеа ќе има одговорност за целиот ланец на вредности во Икеа и ќе биде иден центар на моќ во гигантското царство.

Реорганизацијата се спроведува со цел зголемување на ефикасноста на Икеа и понатамошен раст. Во последните неколку години Швеѓаните во повеќе наврати пропуштија остварување на своите цели на раст. Во 2015 година Икеа оствари 32 милијарди евра продажба, до 2020 се очекува продажбата да се зголеми на 50 милијарди евра.

Основачот на Икеа Ингвар Кампард посетепно се повлекува од управувањето на компанијата, а сега работи само во својство на советник. Неговите три деца работат на различни позиции во компанијата.

Слично

Поврзани вести