Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОД ОД ПРОДАЖБА: Постои опасност од задушување!

ИКЕА ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОД ОД ПРОДАЖБА: Постои опасност од задушување!

Компанијата „ИКЕА“ објави дека повлекува од својот асортиман производ наменет за деца поради опасност од задушување. Станува збор за риболовната игра „BLÅVINGAD“, соопштија од овој трговски синџир.

„ИКЕА апелира до сите клиенти кои ја поседуваат BLÅVINGAD Fishing Game, Multi-Color да престанат да ја користат и да контактираат со ИКЕА за целосно враќање на парите, Мулти-Колор поради потенцијална опасност од задушување“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека ИКЕА ги развива своите производи користејќи ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ги исполнуваат сите важечки закони и стандарди на пазарите каде што се продаваат. „Сепак, забележавме дека малите нитни на играчката може да се откачат, што доведува до потенцијална опасност од гушење, особено за помалите деца. Затоа ја повлекуваме играчката за риболов BLÅVINGAD, разнобојна“, објаснуваат од компанијата.

Заедно со објавеното извинување за непријатностите што ова повлекување може да ги предизвика од трговскиот синџир, тие објаснија дека производот може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА. Како што е најавено, парите целосно ќе им бидат вратени на клиентите, а доказ за набавка, односно фактура не е потребен.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести