Економија, финансии, бизнис

Контакт

Икеа повлекува од продажба две чоколади

Икеа повлекува од продажба две чоколади

Сите оние кои се од било кои причини загрижени за сигурноста на производите зафатени со повлекувањето, можат да ги вратат во најблиската стоковна куќа Икеа и да ги добијат назад парите.

Икеа повлекува од продажба две темни чоколади, Choklad Moerk 60% и Choklad Moerk 70% затоа што на нив не е доволно истакнато дека содржат млеко и лешници, соопштија денеска од фирмата.

„Сигурноста е најголем приоритет за фирмата Икеа и затоа се од продажба повлечени овие производи, со ознаките  за датумот на траење. Двата производи се сигурни за сите кои не се алергични на млеко и лешници“- велат од компанијата.

Кај луѓе алергични на млеко и лешници можна е алергиска реакција по конзумација на овие производи.

„Купувачите кои се алергични на млеко и лешници, и сите оние кои се загрижени за сигурноста на производите опфатени со повлекувањето, можат да ги вратат во најблиската стоковна куќа со повраток на пари“ - стои во соопштението.

Икеа за оваа непријатност им се извинува на потрошувачите.

Слично

Поврзани вести