ИКЕА НЕ НИ РАЗМИСЛУВА ДА ОТВОРИ ПРОДАВНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: Засега немаат планови за проширување во земјава
Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на шведскиот продавач на мебел за домаќинства ИКЕА, вчера изјави дека во моментов нема планови за отворање продавници на ИКЕА во Македонија, негирајќи ги претхо објавените информации во медиумите за разговори за влез на пазарот, објави SeeNews.
„Интер ИКЕА Груп постојано ги истражува можностите за проширување на концептот ИКЕА и на постојните и на новите пазари, за да допре до многу луѓе и да им се приближи. Сепак, засега нема планови за отворање на ИКЕА во Северна Македонија“, изјавија од групата за SeeNews.
На други места во регионот, ИКЕА е присутна во Хрватска, Словенија, Србија, Романија, Бугарија и Грција.
Слично
