Икеа и дефинитивно во Cрбија – Cедиштето за Балканот ќе биде во Белград
Шведската компанија Икеа и дефинитивно ќе пристигне во Cрбија. Како што информира министерот за трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ, седиштето на познатиот бренд за регионот ќе биде во Белград, пренесува НИН.
– Икеа дефинитивно доаѓа во Србија, сега се завршува документацијата околу дозволата – рече Љајиќ за НИН, наведувајќи дека Швеѓаните веќе имаат три локации во Cрбија.
Тој наведе дека регионалното седиште на Икеа ќе биде во Белград, за Словенија, Хрватска, Србија, Романија и подоцна за сите земји каде Икеа ќе се шири.
Слично
