Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА ги моли купувачите кои го имаат овој производ да го вратат под итно!

ИКЕА ги моли купувачите кои го имаат овој производ да го вратат под итно!

Икеа во вторникот објави дека го повлекува Patrull ноќното светло, и ги моли купувачите кои го имаат тој производ да не го користат и да го вратат во било која Икеа продавница со што ќе им бидат вратени парите, а доказ за купувањето, односно фискална сметка не е потребна.

light_900566S0

Напоменуваат како  Patrull ноќното светло, е тестирано во согласност со сите применливи закони и стандарди. И покрај тоа, Икеа примила извештај од Австрија според кој детенце од година дена и седум месеци за време на играњето со  Patrull ноќното светло се обидело светлото да го извади од штекерот и поклопката на светлото испаднала. Детето доживеало струен удар и се здобило со повреди на рацете.

Икеа, се наведува во објавата за медиумите, веднаш преземала итни мерки и Patrull ноќното светло е тргнато од продажба.

Во текот на истрагата која следела тестирани се повеќе од 600 Patrull ноќни светилки и е потврдено дека сите производи се исправни. И покрај тоа, Икеа одлучила да го повлече производот како би се избегнал ризик од понатамошни инциденти.

Patrull ноќното светло во продажба во Европа и Сверна Америка е од 2003 откога се продадени отприлика 2,58 милиони. Во Хрватска од отворањето на продавницата Икеа се продадени 4284 Patrull ноќни светилки.

Слично

Поврзани вести