ИГРАЧКИ, ЧОКОЛАДИ, ОБЛЕКА СПРЕМААТ ДЕЦАТА ОД БИХ ЗА МАЛИТЕ УКРАИНЦИ: Се надеваат на насмевки и малку радост
Стотицци деца
од БиХ одговорија на апелот на мал музеј во Сараево да се подготват подароци за
децата во Украина. Ќе се подаруваат играчки, топла облека, слатки, а малите
Украинци ќе добијат подароци околу Нова година.
Како што пренесува АП, во училиштата и домовите ширум БиХ, младите подготвуваат кутии за подароци, за кои се надеваат дека ќе предизвикаат насмевки на лицата на нивните врсници во Украина за време на празниците.
Родителите на деца во Босна и Херцеговина пред повеќе од 30 години, за време на војната, добија подароци од странци.
„Кога му кажав на татко ми дека ќе подготвиме подароци за децата во Украина, тој ми кажа колку таквите подароци ги радувале него и неговите пријатели кога биле мали за време на војната во Босна и Херцеговина“, изјави 11-годишната Сара Спахиќ за АП додека ги подготвува кутиите за подароци.
