Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИГРА НА НЕРВИ: Ќе има ли избори на 5 јуни?

ИГРА НА НЕРВИ: Ќе има ли избори на 5 јуни?
Груевски вчера преку странски медиум најави дека изборите на 5 ти јуни бездруго ќе се одржат, но дека тој и неговата партија се спремни веднаш за уште едни. Дали странците ова ќе го препишат како досетливост и мудар политички потег? Имено, Груевски изјавува дека не дека сака, туку дека едноставно нема уставна можност да се поништи распишувањето на изборите, и оттаму е спремен тие да се одржат,  а наскоро, на други избори да ја победат опозицијата. Проблемот на овие избори е што Груевски не само опозицијата, ќе ги победи и ДУИ и сите други партии, па оттаму неговата математика е малку сметка без крчмар. Особено што пораките на странците нема да бидат такви што ќе дозволат уште еда палавост на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Заев исто така вчера изјави дека изборите нема да се одржат. Знае ли нешто повеќе лидерот на опозицијата или само логицира? Она што им останува како можноста на ДУИ СДСМ и ДПА е да ги повлечат членовите од ДИК и изборите да ги направат невозможни, во тој случај ќе мора свикување на собранието, а понатаму внатре сигурни ќе се одложат изборите. Прашањето е дали Груевски сака да ги одложи или со нивноот одржување сака да си направи силна преговарачка позиција пред следните е прашаење на кое ќе дадат одоговор наредните недели. Во секој случај странците немаат некој механизам да го натераат Груевски на отстапки, освен ако не се решат за најрадикалниот чекор, санкции, прво за раководството на партијата, а после и за државата. Ова сценарио се чини засега не е во игра, па предноста се дава на дипломатијата.
Слично

Поврзани вести