Игор Ивановски: Власта сака кафеански пазар со нас, не прифаќаме!
„Предлогот на власта е кафеанско пазарање и е крајно безобразен. Тие предложија министерот Ставрески писмено да каже што прифаќа што не прифаќа, па така да се врати Буџетот повторно во Влада и од понеделник да почне нормална расправа. Ние го одбивме, затоа што тоа не е деловнички, и не може да се спречи дебата за буџет. Ние со барањата и со парите на граѓаните нема да се ценкаме и во таквиот пазар не влегуваме.
Тие велат дека ќе прифателе два или три амандмани , а ние дадовме е рационален предлог за заштеда на 204 милиони евра. Ако велат дека нема пари тогаш нека заштедат на пари за возила, мебел, споменици, барокни фасади, тогаш ќе има, и нема да има потреба од задолжувања. Нема да го промениме нашиот став зошто сакаме да спречиме на Македонија да и се случи грчкото сценарио. Нашиот услов е да се прифати предлогот, заеднички да направиме буџет кој ќе се донесе за 5 минути.
Ако не се донесе буџетот, тоа ќе биде одговорност на власта, но и да не се донесе ќе има времено пензионирање, пари за плати, пензии, субвенции социјалци, а црното сценарио на ВМРО е лага и манипулација“, изјави по завршувањето на координацијата пратеникот на СДСМ Игор Ивановски.
Слично
