Игор Ивановски: Нема да дозволиме Владата да ги краде граѓаните!
- Ние дадовме предлог буџет за 2013, сакавме да го доставиме до влада уште вчера но архивата беше затворена. Го доставивме утрово, а го дадовме и на координацијата кај Вељановски. Бараме кратење за 204 милиони евра. Тоа е конструктивен предлог, а во нашиот предлог има пари и за зголемени пензии, за плати , за субвенции и за социјални трансфери. Но, Владата ќе мора да престане да троши и да се луксузира, ќе нема пари за споменици, нема да дозволиме Владата да ги краде парите на граѓаните, изјави денеска пратеникот Игор Ивановски.
Тој вели дека дури и да не се донесе буџетот за 2013 ништо спектакуларно нема да се случи бидејќи и во 2003 та во Македонија имало времено финансирање. Тогаш буџетот се донесе на 27 март и сите ги добија парите за плати, пензии социјала.
- Ние денеска разговаравме со пензионерите и им објаснивме дека за нив ќе има пензии како и за сите други ама ќе нема пари за блиндирани спомени и мерцедеси. Таа вистина ќе ја објаснуваме од последниот човек. Додека е Ставрески на функциј, ниеден амандман не ни е приафтен. Но нема да се откажеме од ниеден амандман доколку не го прифатат нашиот предлог, изјави Игор Ивановски, пратеник на СДСМ.
Слично
