Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Давчевски нов член во Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Игор Давчевски нов член во Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Игор Давчевски е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Ова станува јасно од соопштението на банката објавено на Македонска берза со кое се известува јавноста за измени во управување односно Управниот одбор на Банката.

“Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност  Г-дин Игор Давчевски да биде именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 2 (две) години”, – стои во соопштението на Банката.

Решението се издава за период од 2 (две) години, сметано од јануари 2020 година.

Слично

Поврзани вести