Игнорирајте ги профилите на Комерцијална банка на Фејсбук-лажни се!
Доколку на социјалната мрежа Фејсбук наидете на профил на Комерцијална банка игнорирајте го бидејќи е лажен.
Ова од банката го соопштија до сите клиенти.
„Некој отворил лажни профили на Комерцијална банка АД Скопје, и го злоупотребил нашиот идентитет така што се претставил во наше име“, посочија од Банката.
Исто така од оваа институција соопштија дека Комерцијална банка АД Скопје не е корисник на социјалните мрежи и на нив нема официјални профили.
„ Комерцијална банка АД Скопје нема свој профил на Фејсбук, нити на други социјални мрежи, а доколку го има и кога ќе го има за тоа навреме ќе бидете информирани“, соопштија преку соопштение оттаму.
Мотивите и намерите на лицата кои стојат зад овој чин не се познати а од Банката велат дека се работи за груба злоупотреба и измама, против која веќе се превземени одредени мерки.
Од Комерцијална банка ги молат корисниците да ги игнорирате профилите на кои се наоѓа името Комерцијална банка АД Скопје или дел од нивното име.
