Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИФЦ поддржува побрз проток на стоки низ земјите од Западен Балкан

ИФЦ поддржува побрз проток на стоки низ земјите од Западен Балкан
ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка и ЦЕФТА беа домаќини на регионална средба на царинските управи, санитарни и фитосанитарни агенции од регионот. На средбата се одржа минатата седмица во Скопје се дискутираше за олеснување на трговијата и зајакнување на соработката меѓу институциите кои вршат гранична контрола во регионот. Учесниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово разговараа за можностите за соработка меѓу институциите, поедноставување на процедурите за граничната контрола, хармонизација на документи и управување со ризици во трговијата. Според Виолане Конар-Леси, (Violane Konar-Leacy) проект менаџер на проектот на ИФЦ за логистика при трговија во Западен Балкан, редовните регионални координативни состаноци ќе им овозможат на земјите да ги споделат своите искуства и да работат заеднички за олеснување на трговијата. Зе време на средбата се зборувало и за потребата ос забрзување на царинските постапки. „Една регионална мрежа, каде што претставници од различни агенции и земји се сретнуваат, е најважниот модел за размена на искуства и за развој на заеднички решенија. Добро е да се видат на една маса главните институции кои вршат гранична контрола како разговараат за олеснување на трговијата“, иззјави заменик директорот на македонската Агенција за храна и ветеринарство Абдулезел Догани. ИФЦ и македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) ја нагласија нивната соработка во областа на анализата на ризик. Тие имаат работено заедно во текот на изминатите 7 месеци на интегрирање на таканаречен “пристап базиран на ризик“ во граничните контроли вршени од страна на АХВ за потаргетирани и ефективни инспекции. ИФЦ, членка на групацијата на Светска Банка, е најголемата глобална развојна институција која е фокусирана  исклучиво на приватниот сектор. Во финансиската година 2013, нивните инвестиции се искачија на највисоко ниво од речиси 25 милијарди долари, а се прават со цел подобрување на приватниот сектор за создавање работни места и решавање на најнеопходните предизвици за развој во светот.
Слично

Поврзани вести