ИФЦ: Не е битно само да се создадат нови работни места, туку и да бидат квалитетни!
За шест седум години отвориме над 100.000 работни места, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески на „Тркалезната маса за создавање нови работни места и поттикнување развој на автомобилскиот и агро секторот во Македонија “.
Според него, високата бројка на работни места е постигната благодарение на владините политики и привлекувањето странски инвестиции, но и поради поттикнување на домашниот приватен сектор за намалување на невработеност под психолошката граница од 30%.
Ставрескиистакна дека автомобилскиот сектор и агро-бизнисот се клучни сектори во земјава со најголем потенцијал за развој на работни места и интерес од странските компании. Притоа тој истакна дека има простор за побрз раст на двата сектора, како и за нови инвестиции од приватниот сектор.
„Економскиот раст е она што ја карактеризира Република Македонија дури и во услови на криза и се реализира во сите години освен во 2009 и 2012 година кога имаше мал негативен раст. Ако се заме просекот на остварениот раст во изминатите шест-седум години на континуирана европска и светска криза тој изнесува 2,8 проценти и е петти најдобар кумулативен резултат во Европа“, рече Ставрески.
Во делот на конкурентноста, тој додаде дека најзначајни се бизнис климата, инфраструктурата и човечкиот фактор во кои постојано се инвестира.
Директорот на ИФЦ за Европа и Централна Азија, Томаж Телма пак посочи дека невработеноста расте, а во следните седум години во светот ќе треба да се создадат уште 600 милиони работни места, пред се во приватниот сектор. Сепак појасни тој, не е битно само да се создадат нови работни места, туку и да бидат квалитетни.
„Во овој регион треба да се работи на создавање вистински квалитетни работни места за индустриите кои се особено привлечни или имаат компаративни предности во споредба со другите. Предизвик е како да се претворат релативно високите странски директни инвестиции во работни места во целиот тек на синџирот на вредноста, а не само во фабриките кои ги отвориле странските инвеститори“, рече Телма.
Според Роланд Михалич, одговорен за Студијата на ИФЦ за работни места (IFC Jobs), Македонија до 2020 година треба да отвора по 39.000 нови работни места годишно за да ја достигне Европската унија, или три пати повеќе од она што се создавало во последните неколку години.
„Во Македонијата инфраструктурата релативно е подобрена, финасиите се уште се голем проблем, обуките и вештините е нешто каде земјата е на вистинскиот пат. Поголемиот број наработни места се во малите и средните компании, но тие постојано растат. Важно е компаниите да пораснат воголеми зашто таму продуктивноста и платите се поголеми и има повеќе можности за обука,“ рече тој.
Слично
