Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИДРИЗОВО: Чуварот им продавал дрога на затворениците

ИДРИЗОВО: Чуварот им продавал дрога на затворениците

Кривична пријави и мерка притвор, доби чувар од затворот „Идризово” во Скопје ,поради сомнение дека им продавал дрога на затворениците.

Според информациите од полицијата тој купил поголемо количество на марихуана, а потоа ја пакувал во помали дози.

При извршениот претрес во домот на осомничениот пронајдена е една најлонска кеса со 200 грама марихуана, една алуминиумска фолија со остатоци од марихуана..

Покрај тоа пронајдени се и еден пиштол „црвена застава”и девет парчиња муниција.

Против него се поднесени две кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,  односно неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а судија на претходна постапка веќе му изрече едномесечен притвор.

Слично

Поврзани вести