Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идомени испразнет, бегалците однесени во центри кај Солун, Кукуш и Пиреја

Идомени испразнет, бегалците однесени во центри кај Солун, Кукуш и Пиреја

Бегалскиот камп во Идомени е празeн, a околу 4.000 бегалци се преместени во бегалските центри кај Солун, Кукуш и Пиреја.

Се претпоставува дека дел од мигрантите се сокриле во пограничните  села или се во помалите кампови околу автопатот кај Идомени, за да се обидат да ја преминат границата кон Македонија. Според официјалните бројки во кампот пред почетокот на акцијата, во понеделникот имаше 8.400 бегалци. Во Идомени денеска се проверува и пругата на грчката железница, и ако  се е во ред се очекува уште утре да се пушти и првиот товарен воз од Солун кон Македонија по пауза од 70 дена.
Се смета дека во Грција има околу 54.000 бегалци, од кои речиси 30.000 се во северниот дел на земјата.
Слично

Поврзани вести