Идниот премиер на Чешка против Еврозоната - Нема ништо добро за нас од еврото
Андреј Бабис кој е засега најсериозен кандидат за иден премиер на Чешка се противи неговата земја да влезе во Еврозоната и да го прифати еврото за своја национална валута наместо круната.
„Не гледам ништо добро за нас во Еврозоната која од економски се претвори во политички проект. Не сакам Чешка да го гарантира долгот на Грција или пак на италијанските банки, не сакам да бидеме дел од овој систем затоа што нема да ни донесе ништо добро“ изјави Бабис.
Тој со неговата центристичка партија АНО има највисок рејтинг од 33% пред социјал-демократите со 13% на анкетите. Парламентарните избори во Чешката Република ќе се одржат во октомври, а Бабис како екс министер за финансии има најголеми шанси за победа па со неговите пораки го загрижува Брисел.
