Идниот месец „Фени“ продолжува со работа?
Koмбинатот „Фени“ од идниот месец ќе почне со производство, најави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој вели дека Владата будно ја следи целата стечајна постапка, немала ингеренции да се меша во неа, но се грижела за државните претпријатија кои имаат побарувања од Фени. Тој е оптимист за иднината на комбинатот.
„Јас на повидок гледам решение за тој проблем и гледам на повидок иднина на „Фени“ како фабрика, која верувајте некој наназад две години интензивно работел таа да стане старо железо. Ние тоа, заедно со доверителите и сите совесни кои совесно се поставија во оваа ситуација, како Влада ќе го правиме и ќе направиме се што е во наш капацитет да не годозволиме, односно „Фени“ да функционира и да има иднина како металуршки комбинат“- вели Анѓушев.
Се очекува закупец на „Фени“ да биде швајцарскиот фос асет менаџмент, единствената фирма која испратила понуда за земање на фабриката.
