Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА СЕЗОНАТА: Хрватите подготвени да ги пречекаат првите гости

ИДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА СЕЗОНАТА: Хрватите подготвени да ги пречекаат првите гости

Хрватска од идната недела ја почнува летната туристичка сезона. 

До крајот на мај патувањето ќе биде олеснето за Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка, а во текот на јуни за Германија, Полска и други држави. 

Хрватскиот туристички сектор, преку Хрватското здружение за туризам, презентираше план за отворање на туристичките капацитети и препораки за туристички патувања во Хрватска.

Ќе се отворат камповите во Истра, Кварнер и Далмација, како и некои хотели до крајот на мај, а целосното отворање на повеќето хотели и сите други туристички услуги на дестинациите се очекува во текот на јуни.

Хрватските граници се отворени за туристи. По влегувањето, туристите мора да имаат потврда за резервација за сместување, а на границата ќе добијат упатства за безбеден престој во земјата.

Се изработува и туристичка апликација, со која гостите ќе можат однапред да го најават своето пристигнување и којашто ќе им овозможи побрзо да ја преминат границата. 

Црна Гора веќе ја почна сезоната, а таа полека ќе се нормализира и во Грција. 

Инаку, Црна Гора веќе нема нови случаи со коронавирусот. 

Сопствениците на сместувачките капацитети во соседна Бугарија се должни на секој турист да му обезбедат заштитна маска и заштитни ракавици.

Се советува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои може да ги заменат за вентилатори. 

Слично

Поврзани вести