Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната недела не очекува неработен ден

Идната недела не очекува неработен ден

Денот на независноста на Македонија — државен празник се празнува на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Токму тој ден е прогласен за неработен за сите граѓани.

Годинава 8 Септември се паѓа во четврток (следната недела).

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверенадржава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност.

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Слично

Поврзани вести