Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната година полесно ќе се даваат кредити?

Идната година полесно ќе се даваат кредити?
Поинтензивен раст на индустриското производство следната година, но и зголемено кредитирање кон приватниот сектор се очекувањата кои министерот за финансии Зоран Ставрески ги има за 2014 година. Индустриското производство,смета Ставрески ќе помогне во остварување на прогнозираниот раст на БДП до 3,5 проценти.Во индустријата има добар тренд во текот на целата година, забележува министерот, но и зголемен број нарачки. „Сите мерки и политики, вклучувајќи го и одржувањето на ниски даноци и обезбедувањето евтини кредити, како и излегувањето на европската економија од рецесија, помагаат македонската индустрија постепено да фати залет и да се врати во позитивната зона“, истакна Ставрески. Тој побара банките поинтензивно да учествуваат во растот на економијата и да нудат повеќе кредити за стопанството. Вели дека , со оглед на растот,  ризикот за банките е намален па оттука се очекува во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка. „ Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека постепеното заздравувањето на економијата го поддржува и приватниот сектор, односно инвестициите во приватниот сектор за кои се потребни банкарски кредити“, истакна министерот.
Слично

Поврзани вести