Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната година ќе биде тешка за рударите

Идната година ќе биде тешка за рударите
Најавеното зголемување на концесиите за ископ на руда ги разбранува концесионерите на рудници во земјава кои ваквата најава не ја дочекаа со воодушевување бидејќи според нив ова дополнително ќе ја отежни работата и ќе го поскапи трошокот за производство во време кога се бележи континуиран пад на цените на металите. Од Македонската Асоцијација на рударство бараат ваквото поскапување да се одложи, а државата да преземе засилени мерки за спречување на дивата експлоатација која создава нелојална конкуренција. Информациите на експертите говорат дека само од дивиот ископ на песок од речните корита држвата годишно губи 40 милиони евра. Во првите десет месеци од годинава регистриран е пад од 2 отсто на уделот на рударството кое во индустриското производство учествува со 12 отсто. Но, од Асоцијацијата очекуваат дека показателите за последните месеци од годинава ќе бидат позитивни. Изминатите 5 години се доделени над 400 нови концесии за детални геолошки истражувања кои треба да овозможат отворање на нови претпријатија.
Слично

Поврзани вести