Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идентификуван е еден осомничен за нападот во Турција

Идентификуван е еден осомничен за нападот во Турција

Турските власти идентификувале еден од осомничените за крвавиот напад во пограничниот град Суруч, во кој загинаа над 30 лица, соопшти премиерот на земјата, Ахмет Давутоглу.

„Еден осомничен е идентификуван. Сите меѓународни и внатрешни врски (на осомничениот) се испитуваат“, изјавил Давутоглу.

Давутоглу повторно изјавил дека нападот најверојатно е дело на бомбаш-самоубиец, член на групата „Исламска држава“ (ИД).

Ниту „ИД“, ниту друга група досега не ја презеде одговорноста за нападот. Турските власти изјавиле дека според нив нападот е извршен за одмазда поради преземената акција од Турција против „ИД“.

„Очекуваме оваа истрага да биде завршена што е можно побрзо“, изјавил Давутоглу. Тој додал и дека бројот на жртвите веќе достигна 32 лица, а другите 29 повредени се уште се наоѓаат во болница.

Во изјавата премиерот додал дека за време на средбата во кабинетот, закажан за среда, ќе се дискутира за дополнителни мерки за безбедност, кои да бидат спроведени по должината на границата со Сирија.

Тој ги коментирал и обвинувањата на некои коментатори во земјата дека Турција и владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во минатото ги поттикнувале на џихадистите од „ИД“. „Турција и владата на „АКП“ никогаш немале директна или индиректна врска со какви и да било терористички организации и никогаш нема да ги толерираат терористички групи“, изјавил тој.

Во меѓувреме, во Турција започнаа погребот на жртвите на нападот, од кои повеќето се студенти, информира „ДПА“. Давутоглу пристигна во Суруч каде ги посетил во болницата некои од повредените луѓе.

Нападот беше извршен вчера на пладне во дворот на културниот центар Амара, каде се наоѓале 300 членови на Федерацијата на младинските здруженија на социјалистите, вклучени во акција за поддршка на реконструкцијата на сирискиот курдски град Кобане.

Слично

Поврзани вести