ИДЕЈА: Дале отказ на работа и започнале бизнис – чување велосипеди!
Две млади жителки на хрватскиот главен град Загреб добиле несекојдневна идеја за бизнис - дале отказ од дотогашното работно место и го отвориле првиот затворен и обезбедуван паркинг за велосипеди - „Ланец за велосипеди“.
Маја Плеша и Ивана Перишиќ идејата ја добиле кога на еден нивен пријател му украле два велосипеда и решиле да започнат сопствен бизнис. Ја напуштиле работата во маркетинг агенција и целосно се посветиле на новата фирма, пишува „Јутарњи лист“.
Пронашле и студија на Европската комисија во која се вели дека 25% од луѓето не возат велосипед, бидејќи се плашат од кражба.
На нивниот паркинг има место за 70 велосипеди, а цената на еден час чување изнесува 2 куни (околу 15 денари). Наскоро ќе воведат и месечни билети за паркинг на велосипеди. Во фирмата ќе бидат вработен и човек задолжен за ситни поправки на велосипедите.
Слично
