Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ида Пандур: Со блокчејн ќе изградиме голема приказна на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија

Ида Пандур: Со блокчејн ќе изградиме голема приказна на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија

Блокчејн технологиите во наредните неколку години ќе достигнат пазарна вредност од над 100 милијарди американски долари и се прогнозира дека целосно ќе ја трансформираат економијата, но и самите општествени односи. Тоа отвора огромна шанса и за македонските програмери и талентираниот ИТ кадар од регионот кој преку различни иницијативи базирани на отворен код на софтверските алатки. Една од нив ја води фондацијата NEARкако отворена платформа за изработка на блокчејн и ВЕБ 3.0 алатки, која има големи амбиции за балканскиот регион, вклучувајќи ја и Македонија.

Ние разговаравме со Ида Пандур, генерален менаџер на NEAR Balkan Hub, која открива дека по иницијалното лансирање ќе следат грантови за блокчејн стартапи, како и сертифицирани обуки и поддршка на иновациите.

ВЕБ 3.0 е термин кој ја означува следната генерација на интернет, дигитални и мултимедијални содржини, како и трансформација на традиционалните бизнис модели, организации и корисници кон новата интернет инфраструктура опкружена со крипто-валути, непреносливи токени НФТ и влез во метаверзумот.

Што претставува NEAR протоколот и колку може да биде клучен за развој на блокчејн технологии, сервиси, услуги и системи за поддршка на економијата, иновациите и растот во регионот, вклучувајќи ја и Македонија?

Ида Пандур: NEAR протоколот е брз, јавен, разделен вид на блокчејн како алатка за прв слој на ваков вид на инфраструктура и е лесно прилагодлив за развивачите на софтвер, програмерите и сите блокчејн ентузијасти. Комбинирајќи едноставна, безбедна и скалабилна технологија, NEAR е најиновативната и најефикасна блокчејн платформа, достапна за секого. Располага со врвна архитектура за распределба на податоци, има сертификат за јаглеродна неутралност што значи дека не загадува и нуди неспоредливо корисничко искуство.

Кои се главните цели на NEAR Balkan Hubза да се поттикне развојот на блокчејн технологии во регионот и како планирате да ги остварите?

Ида Пандур: NEAR Balkans Hub се лансира како еден од првите Регионални хабови поставени во NEAR еко-системот (еден од водечките блокчејн системи). Оваа иницијатива е резултат на соработката помеѓу BorderlessTech Association и NEAR Foundation со цел да се промовира и забрза развојот на еко-системот со отворен код на ВЕБ 3.0 и блокчејн. За таа цел, се фокусираме на три клучни области:

·  Едукација на пазарот преку обуки, сертификати и отворени средби

·  Партнерства и поддршка на бизниси кои се приклучуваат на NEAR платформата со грантови кои брзо се одобруваат

·  Лабораторија за иновации и градење на сопствени производи на NEAR платформата

Кој може да биде дел од NEAR Balkan Hub и како може да соработува?

Ида Пандур: Платформата и иницијативата на NEAR се достапни за сите заинтересирани да градат и да придонесат за развој на еко-системот со отворен код и воопшто решенија базирани на ВЕБ 3.0. Тука може да се вклучат и технолошки и не-технолошки таленти, програмери, деловни професионалци, студенти. Компании и организации кои бараат интегрирање на ВЕБ 3.0 компонента во нивниот постоечки бизнис модел (т.е. блокчејн за следливост, трансакции и плаќања, непреносливи токени - НФТ), но исто така и пошироката заедница вклучувајќи ги универзитетите, медиумите, технолошките центри. Сите овие се чинители кои можат да одиграат огромна улога во развојот на ВЕБ 3.0 еко-системот на Балканот, како на локално така и на глобално ниво.

Кои алатки ќе ги понудите на сите заинтересирани за развој на блокчејн и ВЕБ 3.0 решенија?

Ида Пандур: Наскоро започнуваме со образовните програми од кои ќе произлезат сертификати за технолошки таленти за лесно вклучување во развојот на ВЕБ 3.0. NEAR исто така има свој сет алатки за развој на софтвер (СДК) наменет за програмери кои ќе работат со ВЕБ 3.0 технологии. Наскоро ќе следат и развојните алатки и програми кои не се технолошки базирани. Исто така, нашиот поширок тим ќе биде постојано тука за да пружи поддршка на сите со навремени информации кои ќе се доставуваат преку нашиот канал на социјалната мрежа Discord. Исто така во наредниот период ќе продолжиме да одржуваме информативни и отворени средби.

Кој е потенцијалот на блокчејнот во регионот, во кои области очекувате тој да се применува најмногу?

Ида Пандур: Гледаме огромен потенцијал за блокчејн во регионот бидејќи веќе има неколку луѓе  кои градат глобално познати блокчејн решенија и протоколи. Нашиот регион отсекогаш бил познат по квалитетниот ИТ талент и гледаме дека ова се прелева во ВЕБ 3.0 технологијата. Тоа потоа резултира со лансирање на големи ВЕБ 3.0 производи/компании. Откако NEAR Balkan Hub го лансиравме во април стапивме во контакт со голем број стартапи, ИТ таленти, ВЕБ 3.0 компании, сите заинтересирани за решителен премин кон ВЕБ 3.0 што значи дека нашата мисија да изградиме голема приказна на Балканот е на вистинскиот пат. Моментално најпопуларните области се ваков вид апликации се во доменот на децентрализираните финансии (де-фи), НФТ и метаверзумот.

Х.С.

Слика: Nikola Vilic/Cropix
Слично

Поврзани вести