Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ибраимовски: Секој што нема да излезе на избори да плати казна 1000 евра

Ибраимовски: Секој што нема да излезе на избори да плати казна 1000 евра

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, (ПЦЕР) Самка Ибраимовски, предлага секој што нема да излезе на избори, а е внесeн во избирачкиот список,  да плати казна од 1 000 евра.

,,Ова го предлагаме од причини што ако секој излезе нема да има манипулации со тие што не излегле, и тогаш ќе се добие вистинската слика на гласачи и реалниот победник на избори'' - вели Ибраимовски.

Од партијата сметаат дека потребно е да се направат промени во изборниот модел, така што Македонија да биде една изборна единица. На овај начин тие сметаат дека ќе им се даде подеднаква шанса на помалите политички партии.

Слично

Поврзани вести