Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИБМ: За 5 години компјутерите ќе слушаат, гледаат и мирисаат!

ИБМ: За 5 години компјутерите ќе слушаат, гледаат и мирисаат!
Денешните компјутери и паметни телефони веќе импресионираат со своите вештини, особено ако се земе во предвид развојот на технологијата само во последните 15 години. Поради молскавично брзиот развој веќе станува речиси невозможно за просечниот човек да предвиди до каде ќе стигне технологијата во наредните 5 години. Од „ИБМ“ сепак не се плашат да прогнозираат и да ја претстават овогодинешната своја листа "5 во 5", во која од компанијата ги претставуваат 5-те трендови во компјутерската технологија, кои ќе се развијат во наредните 5 години. Според компанијата за 5 години компјутерите ќе имаат вид, слух, чувство за мирис, вкус и осет т.е. ќе ги содржат сите човечки сетила. Изградбата на сетила во компјутерите е дел од развојот на когнитивните машини кои го гледаат светот слично како луѓето. На пример, когнитивниот компјутер нема да гледа една слика само како збир на информации за бојата, пигменти и наваленоста на четката, туку во иднина  ќе ја гледа сеопфатно, како слика, знаејќи дека таа е токму тоа. Една од главните разлики помеѓу когнитивните машина и обичниот компјутер е идејата дека првиот може да се обучува, коментираат од ИБМ. „Когнитивниот систем нема да продолжи да дава погрешни и бескорисни одговори. Ако згреши, може да го промени својот пристап и да се обиде повторно", објаснува Берни Мејарсен,  потпретседател за иновациите во ИБМ. Сепак појаснуваат од компанијата никако не смее да се стави равенство на когнитивните способности на компјутерите со човечката интелигенција или разум.
Слично

Поврзани вести