Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИБМ: Македонија лидер во регионот во новосоздадени работни места

ИБМ: Македонија лидер во регионот во новосоздадени работни места

Добри вести за Македонија во најновиот годишен извештај на ИБМ “Глобал локеишн трендс - 2012”, кој ги анализира глобалните трендови во економијата.

Во последниот извештај, државава има значаен напредок според создадени работни места по жител (пораст 271%) во однос на лани, со што се најде пред земјите од регионот. Според бројот на создадени работни места во 2011 година на 100 000 жители, пак, земјата е рангирана на девето место и влегува во групата земји како Британија, Бугарија, Белгија, Мексико.

Во однос на трендовите се забележува поместување на инвестицискиот фокус, од Централна кон Југоисточна Европа. Овде Македонија и Србија бележат значителен раст на странски инвестиции за разлика земјите како Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија, кои забележуваат пад на странските директни инвестиции.

Имаку во делот на странски инвестиции во Македонија се издвоенјуваат секторите како електроника и електронска опрема, текстилната и фармацевската индустрија.

 ИБМ “Глобал локеишн трендс - 2012 издава меѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година, а има свои канцеларии на скоро сите континенти.

Слично

Поврзани вести