Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИАКО СУДОТ ОДЛУЧИ: Турција нема намера да му плаќа отштета на Кипар

ИАКО СУДОТ ОДЛУЧИ: Турција нема намера да му плаќа отштета на Кипар
Турција нема намера да му плати 90 милиони евра отштета на Кипар заради инвазијата на островот во 1974 година, иако така одлучи Европскиот суд за човекови права. Според шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу, одлуката на судот е повеќе штетна отколку корисна, бидејќи претставува најголем удар врз кипарските преговори, кои беа обновени во февруари. „Турција, која е земја-кандидат за членство во Европската унија, чиј член е Кипар, не смета дека е должна да исплати компезација на земја која официјално не ја признава. Во вчерашната одлука на Европскиот суд има некои правни противречности и поради тоа одлуката не ја сфаќаме целосно обврзувачка“, вели Давутоглу. Европскиот суд за човекови права вчера пресуди дека Турција треба да му плати 90 милиони евра отштета на Кипар, и тоа 30 милиони евра на семејствата на исчезнатите во воените операции, а 60 милиони евра како отштета на грчкото етничко население на полуостровот Карпас, кое по инвазијата остана во енклавата.
Слично

Поврзани вести