Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иако има вакцини, Србија урива рекорди со бројот на заразени

Иако има вакцини, Србија урива рекорди со бројот на заразени

Србија урива рекорди со бројот на заразени, иако се лидери во процесот на имунизација на населението. 

Во изминатите неколку дена, најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и Врање. Последните податоци покажуваат дека коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани, а тестирани се 16.175 примероци, додека 16 лица починале.  Во моментов има 161 пациент на апарати за дишење. Вкупниот број на починати е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.   Србија е на прво место во регионот според бројот на жители кои ја примиле втората доза на вакцината на милион жители.

Членот на српскиот Кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон изјави дека моменталната состојба не може да се игнорира и дека состојбата во Белград е катастрофална.

„Бројот на болни се зголемува, а самата вакцинација е загрозена. Капацитетот расте, повеќе од 4.000 луѓе се во болници. Имаме две работи за кои е потребна голема активност, едната е вакцинација, а другата е зголемена хоспитализација. Оние луѓе кои ќе се заразат не можат да се вакцинираат, а кога има масовна инфекција, вие ја запирате брзината на вакцинација“, рече Кон.

Епидемиологот вели дека медицинскиот дел од Кризниот штаб стори сé што може и дека мерките што се на сила во овој момент се неприфатливи.

foto freepik

Слично

Поврзани вести