Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иако ЕУ се побуни дека тоа е уцена, Русија може да го запре гасот и за други држави

Иако ЕУ се побуни дека тоа е уцена, Русија може да го запре гасот и за други држави

Можно е Русија да го запре рускиот гас и за други европски земји. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи. Песков вели дека руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.

„Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан“, рече Песков.

Но, во ЕУ има поинакво мислење. 

„Одлуката за прекин на испораките на руски гас на купувачите во Европа е инструмент за уцена“, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, ЕУ и САД воведоа повеќе санкции за Русија. Воедно, санкции има и за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и за руските олигарси.

Слично

Поврзани вести