И зимава мака ќе мачиме со загадениот воздух
На прагот на зимските загадени денови, никој не излегува со предвремени превентивни мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Македонија.
И покрај сончевите денови, загаденоста на воздухот почна да се чувствува уште со доаѓањето на есента.
Студените температури, особено во утринските часови придонесоа да се зголеми концентрацијата на штетните честички во воздухот, најмногу на ситната прашина ПМ-10.
Надлежните го преспаа и ова лето, па се уште ништо не е сменето околу најзагрозените градови како Тетово, Битола, Скопје и Кавадарци.
Во моментов, во воздухот во Скопје има 2,5 пати повеќе ситна прашина ПМ-10 од максималната дозволена граница.
Иако „Макстил” , инсталира потребни филтри за намалување на загаденоста, тетовчани на пример, и оваа зима ќе ги труе чадот од „Југохром”. Иста мака ќе мачат и битолчани со најголемата електрана „РЕК”.
И не се проблем само овие енормни загадувачи. Воздухот секојдневно го загадува и масовниот сообраќај и употребата на разни недозволени материјали за загревање на домовите.
Пред нас стои уште една зима со која треба да се избориме за почиста воздишка. Време е да почне да се дејствува, додека студот и маглата не стигнале.
