Економија, финансии, бизнис

Контакт

И „Жито Лукс“ со зголемени цени за некои производи

И „Жито Лукс“ со зголемени цени за некои производи

Поскапувањето на енергенсите, бензините, струјата најверојатно ќе значат и зголемување на цените на основните прехранбени производи.

Доказ за тоа е дека еден од поголемите производители на леб и пецива „Жито Лукс“  најави дека ќе ја зголеми цената на некои од лебовите.

„Наша примарна цел е грижа за нашите потрошувачи и како компанија секогаш се трудиме да понудиме врвен квалитет и голем избор на производи, кои ги задоволуваат вкусовите на сите по најниски можни цени, со најголема почит кон финаниските ограничувања на фамилијарниот буџет, изјавија за нашиот медиум од „Жито Лукс“.

Постојано ги следиме пазарните движења кои понекогаш диктираат нови услови, и поради тоа овојпат е донесена одлука на покачување на цената само на одреден дел од лебовите на „Жито Лукс“, се додава во изјавата.

 
Слично

Поврзани вести