Економија, финансии, бизнис

Контакт

И жените можат да бидат бизнис лидери во Македонија!

И жените можат да бидат бизнис лидери во Македонија!

Со цел да се поттикне женското претприемништво создадена е Асоцијацијата на македонските жени - претприемачи „Жени бизнис-лидери“ која денеска беше промовирана во Стопанската комора на Македонија.

„Ова здружение има за цел да направи добра мрежа меѓу македонските жени бизнис лидери. Тоа не е класично здружение на жени, туку на успешни жени претприемачи,  на денешната прес-конференција.

Како што објасни Снежана Јовановска Трајковска, претседател на Асоцијацијата и сопственик на туристичката агенција „Орфеј“Идејата, идејата е да се охрабрат жените претприемачи да ги споделат своите искуства во надминувањето на бариерите во општеството како и да се изградат и зајакнат капацитетите на женското лидерство во Македонија.

Во Македонија има жени претприемачи, но и  многу простор за борба и активности за да се зголеми бројот на жените кои носат одлуки, како и да се подобри положбата на жените претприемачи во компаниската хиерархија, бече посочено од Асоцијацијата од каде посочија и дека во Европа има регулатива која го нормира присуството  на жените во управните одбори и на одлучувачките позиции во компаниите, а кај нас има само за присуство на жените во политиката. Од Асоцијацијата посочија дека се отворени за нови членови и ги повика жените да им се придружат. Инаку оваа организација постои од крајот на минатата година и досега брои 45 члена.
Слично

Поврзани вести