Економија, финансии, бизнис

Контакт

И земјоделците ќе земаат старосна пензија

И земјоделците ќе земаат старосна пензија

Околу 400 индивидуални земјоделци, од Нова година ќе можат да земаат старосна пензија. Ова е новиот предлог закон на Владата, откако на последната седница ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

- Со овие измени се предлага да се воведе законска можност на земјоделците да им се смета во нивниот стаж и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците, кој се применуваше во перодот од 1978 до 1988 година. Со тоа би се создале можности за исполнување на минималните услови за остварување право на старосна пензија - 15 години пензиски стаж - рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Овој закон сега треба да помине на Собрание, а потаму за негова исплата Владата ќе издвојува 34 милиони денари годишно.

 
Слично

Поврзани вести