Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Заев се сретна со Рејндерс

И Заев се сретна со Рејндерс

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска имаа средба со белгиска делегација предводена од министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

Нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од страна на Никола Груевски и неговите соработници и можните излезни решенија, беа темите на разговорот.

„Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се инсистирањата на СДСМ во насока на излез од ситуацијата во којашто се наоѓа Македонија“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

zaev rejnders 1

Тој го објасни скандалот со прислушувањето и обелоденетите криминално – корупциски афери во коишто се инволвирани Никола Груевски и најтесниот врв на власта, поради што оваа Влада повеќе нема легитимитет пред граѓаните на Македонија.

На средбата стана збор и за притисоците што продолжува да ги прави Груевски врз правосудството како и за следните чекори на СДСМ и на опозицијата.

„СДСМ е решена да ги врати слободата и демократијата во Македонија и од тоа отстапки нема да има“, соопшти претседателот Зоран Заев на министерот за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс.

Слично

Поврзани вести