И вториот ден од викендот не очекува сончево време!
И вториот ден од викендот ќе помине во сончево време. Сепак, во одделни котлини наутро се очекува појава на магла, која ќе се расчисти во текот на претпладнето.
Минималната температура ќе има вредност околу -2° низ котлините во поголем дел од земјата, а на повисоките места околу -3°С. Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 9°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 11°С, информираат од МЕТЕОПРО.
Во скопската котлина се очекува сончево и релативно тивко време. Наутро повторно е можна појава на магла во југоисточниот дел од котлината. Минималната температура ќе има вредност околу -3°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 10°С.
