Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во Словенија стигна омикрон

И во Словенија стигна омикрон

Сојот омикрон е присутен и во Словенија. 

„Секвенционирањето го откри првото лице заразено со омикрон, варијанта на вирусот што се шири побрзо и е веќе присутен во многу земји од ЕУ“, изјави денеска премиерот Јанез Јанша. 

За  24 часа во Словенија се потврдени 1712 новозаразени, односно, секој трет тест е позитивен, а починае 11 луѓе, објави Националниот Институт за јавно здравје.

Во Словенија сега има 21.362 активни случаи. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден бил 1.352, додека 14-дневната инциденца на инфекција на 100.000 население се намалила на 1.013.

Омикрон го има во најмалку 63 земји, соопшти СЗО. 

Сојот веќе го има и во Кина. Откриен е кај човек кој допатувал од странство. 

Слично

Поврзани вести