Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во Штип се протестираше против екстерното

И во Штип се протестираше против екстерното
Стотина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го изразија своето незадоволство од предлогот за екстерно тестирање или државен испит на факултетите. Тие с еорганизираа на Фејсбук и денеска протестираа во овој град - маршираа низ центарот на градот, до Економскиот факултет и до ректоратот на универзитетот „Гоце Делчев“. Студентите велат дека и покрај тоа што државниот испит нема да важи за нив, тие сепак имаат право да го кажат своето мислење за погрешните политики во високото образование. Протестот на штипскиот универзитет се одржа една недела по оној во Скопје, чија цел исто така беше да се каже студентско „НЕ“ за екстерното тестирање. ФОТО: Канал 77  
Слично

Поврзани вести