Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во НДП жена не ја почитува одлуката за бојкот

И во НДП жена не ја почитува одлуката за бојкот
Националната демократска преродба (НДП) денеска ја исклучи Мирсада Асани од своите редови, затоа што пратеничката не ја почитувала одлуката за враќање на мандатот. Иако претходно на нотар потпишала изјава за откажување од мандатот, откако Руфи Османи го врати местото во Собранието, Асани одлучила да го прифати. На вонреден состанок членовите на партиското раководство едногласно донеле одлука за исклучување од своите редовии на пратеничката, оценувајќи дека „таа е лице без политички морален интегритет“. „Со ова неодговорно дејство на Мирсада Асани не се почитува одлуката на Централното Собрание на НДП, по неприфаќањето на добиениот мандат од недемократските изори во април 2014. Овој неморален политички чин на Асани манифестира кулминација на човечкото лицемерие бидејќи ова лице заедно со 19 други кандидати на НДП во нотар потпишаа изјава за доброволно одбивање на мандатот за пратеник кои изјави се поднесоа во Собранието и ДИК“, велат од партијата.  
Слично

Поврзани вести