И во Црна Гора вакцинираните ќе имаат привилегии во однос на останатите
За вакцинираните во Црна Гора ќе бидат дозволени собири во затворен простор без маски.
Во следните месеци, би можело да им се овозможи да се собираат во затворен простор и без физичка дистанца или носење заштитни маски, под одредени услови, објави Владата на Црна Гора.
Од Владата велат дека засега сите јавни здравствени агенции и авторитети препорачуваат носење заштитна маска неколку недели по ревакцинацијата.
„Во месеците кои следуваат очекувано е дека на целосно вакцинираните лица ќе им се овозможи собирање во затворен простор и без физичка дистанца или носење маски под одредени услови“, наведуваат од црногорската Влада.
Во Црна Гора досега од коронавирусот починаа 1.234 луѓе. Досега се потврдени над 89.000 случаи на коронавирусот откако почна пандемијата.foto freepik
Слично
